Пензионерите на протест побараа минималната пензија да биде 18.000 денари и линеарно покачување

 

Пензионерите од повеќе градови во државата, денес по повод Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември, излегоа на протест пред Владата.

Говорниците на протестот побараа за 3.500 денари линеарно покачување на сите пензиите, а најниската да не биде помала од 18 илјади денари, или оставка на Владата.

 

На транспарентите пишуваше: „Имаме право на достоинствен живот“, „Линеарно покачување на пензиите“, „Оставка“.

 

Од Пензионерскиот синдикат претходно објавија дека во некои земји минималната пензија е поставена на 45 отсто од нето исплатена просечна плата и истото се залагаат да биде пракса и во нашата држава.

 

„Сметаме дека измената на член 37 од законот за пензиско и инвалидско осигурување, согласно кој усогласувањето на пензиите се прави врз основа на движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50% е добра основа за понатамошно усогласување на пензиите“, велат од Пензионерскиот синдикат.

 

 

20.09.2023 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега