Пендаровски се сретна со претседателот на Кипар: Изразен интерес за одржување на Бизнис форум меѓу двете земји

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари билатерална средба со претседателот на Кипар, Никос Христодулидис.

На средбата се разговараше за односите меѓу двете земји при што двајцата претседатели констатираа дека по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019-та година се отвораат можности за развивање на соработката во области од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната поддршка од Кипар на нашиот пат кон европската интеграција и изрази очекување таа да продолжи. Соговорниците се согласија и за јакнење на соработката на мултилатералните форуми, особено взаемната поддршка за кандидатурите.

На средбата стана збoр и за економските релации меѓу двете земји, при што соговорниците се заложија за унапредување на економската соработка, зголемување на обемот на трговија во областите на земјоделството и прехранбената индустрија, туризмот, банкарството и финансиите. Во тој контекст, претседателите изразија интерес за одржување на Бизнис форум меѓу двете земји.

 

19.09.2023 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега