Пендаровски ќе учествува на 54. годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос
Претседателот Стево Пендаровски на 16 и 17 јануари 2024 година ќе учествува на 54. годишен состанок на Светскиот економски форум, со наслов „Обнова на довербата“, што се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација.
Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, предвидено е Пендаровски да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ на неформалниот собир на светските економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“.
На годинешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа