Пендаровски го демантира Ковачевски: Немам преземено обврска да преговарам со Грција

Претседателот Стево Пендаровски вели дека нема преземено обврска да преговара со Грција за продолжување на важноста на македонските пасоши на кои стои името Република Македонија.

Тој додаде дека и процедурите поврзани со личните документи не се во негова надлежност.

„Како што и претходно информиравме, претседателот Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието.
Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла“, се вели во соопштението од кабинетот на шефот на државата.

Во интервју за Сител минатата недела Пендаровски рече дека веќе разговарал со двајца министри на кои им дал предлог рокот за промена на личните докуметнти, со мала законска измена, да се пролонгира за кон крајот на годината. Тој тогаш спомена дека за тоа може да се разговара со грчките власти и тие тоа да го дозволат, нагласувајќи дека и Грција го нема имплементирано Преспанскиот договор.

„Погледнете по автопатот до македонска граница никаде нема ниту една табла на која го пишува уставното име на нашата држава“, рече тогаш Пендаровски.

16.01.2024 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега