Пендаровски до Владата: Невкусно е да ми порасне платата за 78% - донесете закон за да ми ја намалите

 

Шефот на државата, Стево Пендаровски смета дека е невкусно да му порасне платата за 78%, па побара од Владата да се донесе закон за нејзино намалување. 

„Во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плати на функционерите, Ја повикувам Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите. Сметам дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет“, изјави Пендаровски преку писмен пат до медиумите.

Според денешната одлука од први, Претседателот кој има највисока плата во државата ќе треба да добие зголемување од 72.500 денари, па неговата плата од околу 93.000 ќе скокне на над 165.000 денари.

30.03.2023 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега