Патник пронајден мртов во моторот на авионот во САД

 

На меѓународниот аеродром во Солт Лејк Сити во САД е пронајден мртов патник. Кајлер Ефингер (30) од Парк Сити, беше пронајден мртов во моторот на авионот.

Полицијата соопшти дека 30-годишникот ја пробил вратата за итен излез, излегол на пистата и влегол во моторот на млазот, пренесува АП. Полицајците го пронајдоа Ефингер во моторот на комерцијален патнички авион полн со патници, соопшти полицискиот оддел во Солт Лејк Сити.

Ефингер бил патник со билет до Денвер, соопшти полицијата.

Управителот на продавницата на аеродромот нешто пред 22 часот им пријавил на диспечерите од контролниот центар на аеродромот дека видел патник како поминува низ излезот за итни случаи. Полицајците брзо ја пронајдоа облеката, чевлите и другите лични предмети на Ефингер на една од пистите.

Откако го пронашле, официјалните лица им рекле на контролорите на летање да му кажат на пилотот да ги исклучи моторите на авионот.

Екипите за итни случаи го извлекле 30-годишникот. Тие се обиделе да го реанимираат, сепак, на местото на настанот е констатирана смрт на човекот.

Полицијата во Солт Лејк Сити работи за да ја утврди причината за смртта, пренесува АП.

Кога е пронајден Ефингер, на патниците им било кажано да го напуштат авионот, но операциите на аеродромот не биле прекинати, соопшти полицијата.

03.01.2024 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега