Пастор во Мозамбик починал откако се обидел да пости како Исус

 

 Франциско Барајах почина откако се обидел да пости 40 дена, по примерот наведен во Библијата, имитирајќи го Исус.

Бараја (39) воедно и основач на Евангелистичката црква Санта Триндад, починал во болница во градот Беира, каде што бил префрлен во критична состојба, при што му е констатирана акутна анемија и откажување на органите за варење. Тој 25 дена не пиел вода и не јадел ништо.

Бараја, исто така, бил учител по француски јазик во градот Месика во централната провинција Маница, на границата со Зимбабве.

Членовите на црквата Санта Триндад изјавија дека не е невообичаено свештеникот и неговите следбеници да постат, но не толку долго.

17.02.2023 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега