Папата за палењето на Куранот во Шведска: Лут сум и згрозен

 

Папата Франциско рече дека палењето на светата книга Куранот го налутило и згрозило и дека го осудува и отфрла дозволувањето на таков чин како форма на слобода на говор.

„Секоја книга што се смета за света треба да се почитува за да се почитуваат оние кои веруваат во неа“, рече Папата во интервју за весникот од Обединетите Арапски Емирати Al Itihad.

„Лут сум и згрозен од овие постапки. Слободата на говор никогаш не треба да се користи како средство за презирање на другите, а да се дозволи тоа да се случи е отфрлено и осудено“, рече тој.

Еден човек го запали Куранот во шведскиот главен град Стокхолм минатата недела, што предизвика остра осуда од неколку земји, вклучително и Турција, чија поддршка Шведска треба да добие за да се приклучи на воената алијанса на НАТО.

Иако шведската полиција отфрли неколку неодамнешни барања за протести против Коранот, судовите ги укинаа тие одлуки, велејќи дека тоа ја нарушува слободата на говорот.

Вчера, исламската група од 57 нации рече дека е потребна колективна акција за да се спречат актите на сквернавење на Куранот и дека меѓународното право треба да се користи за да се запре верската омраза.

03.07.2023 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега