Папата Франциско пренесен во болница
Папата Франциско беше префрлен во болницата „Џемели“ на лекарски преглед по општата аудиенција, на која се пожали дека сè уште има настинка, соопштија извори.
Папата (87) се пожали дека се чувствува лошо за време на генералната аудиенција во Ватикан, пренесе АНСА.
Тој за време на аудиенцијата рече дека сè уште не закрепнал од грипот поради кој последните денови ги намалил активностите и дека „сè уште има малку настинка“.
Асистентот на папата, Филипо Шампанели, го читаше катехизмот за време на аудиенцијата, како и во други пригоди кога папата не се чувствуваше добро.
28.02.2024 - 13:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа