Панова: ДУИ го користи „Балансерот“ да глуми жртва пред народот

 

„Балансерот ја има достигнато својата цел и поради тоа, извештајот на Европската Комисија, вели дека треба да се укине оваа алатка и да се пристапи кон нова за да добиеме квалитет, наместо квантитет. Ние треба да го користиме мерит системот, а не според етникум да се вработуваат граѓаните“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, во гостување во емисијата „Daily Click“ на ТВ 21.

Панова искоментира дека ДУИ го користи овој момент, за да се прикаже пред граѓаните како жртва во оваа приказна, а самите ДУИ, заедно со СДС, во стратегијата за јавна администрација 2023-2030 година, на страна 47, Владата има изгласано да се укине оваа алатка, позната кај народот како балансер.

„Имавме доста случаеви каде што гледавме како во Тетово, Гостивар, Албанци се пишуваат Македонци, или во Струмица, Берово, обратно, само за да се вработат за да заработат парче леб, меѓутоа тука ние не добиваме квалитетна јавна администрација, туку се вработуваат луѓе според етникум. Затоа и ние како пратеничка група, велиме дека мерит системот е правилниот за вработување“, додаде Панова.

Таа дополни дека институциите во државата во следниот период ќе расправаат по ова прашање, со цел алатката која заминува во историја, да се дополни и да биде поквалитетна.

11.10.2024 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега