Паника во Запорожје: Украинците стравуваат од нуклеарна катастрофа, масовно бегаат во Молдавија

Во Запорожје и неговата околина владее паника по информациите дека се можни напади на нуклеарната централа. Во меѓувреме, сирените за воздушен напад се огласија во поголемиот дел од источните и јужните делови на Украина.

Украинските воздухопловни сили предупредија на ракетна закана во јужна Украина, според „Суспилне“.

„Скај њуз“ објави дека луѓето бегаат од областа околу нуклеарната централа „Запорожје“ откако меѓусебните обвинувања на руската и украинската страна за планиран напад на централата доведоа до паника меѓу Украинците.

Тие штотуку ги слушнаа предупредувањата на својот претседател Володимир Зеленски и шефовите на разузнавачките служби дека фабриката е минирана со експлозив, но и загрижувачките изјави на Русите.

Кога Русите тврдат дека Украинците ќе направат нешто, тоа често значи дека тоа ќе го направат самите, како што можеби беше случајот неодамна со браната „Каховка“ за која се верува дека Русите ја разнесоа, пренесуваат тамошните медиуми.

Украинската влада синоќа на социјалните мрежи издаде инструкции како да се напушти можната зона на радијација.

„Тоа предизвика аларм. Тоа доведе до тоа одреден број Украинци ненадејно да ја напуштат земјата. Гледаме долги километри редици на граничниот премин во Молдавија и тоа не сме го виделе со месеци“, објави уредникот на „Скај“, Доминик Вагхорн.

Извори на „Скај њуз“ посочуваат дека некои руски војници се повлечени од фабриката во последните денови.

05.07.2023 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега