Пaндов: Мафијашот Заев го продава Делчев, единствен одговор на тоа е народот

Пред се сакам да ви признам многу сум горд што сум Македонец, а уште сум по горд што и Гоце Делчев е Македонец. Ние сите тука сме гоцевите синови и ќерки, вели претседателот на Партискиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов на денешниот граѓански протест за Гоце Делчев.

Пандов нагласи дека во моментот во државата владее мафија на власт која сака да го продаде Гоце Делчев.

„За жал во Република Македонија на власт е мафија, мафијаши кои не ценат ништо и ништо не им е свето. Истите тие решени се да го продадат и најсветото, да го продадат Гоце Делчев“.

Како што истакна Пандов, за да се спречи ова потребно е масовна излезеност, поддршка и сплотеност од страна на граѓаните.

-Ние, како Македонци сме сега повикани да го спречиме да го направат тоа, меѓутоа сите вас сакам да ве предупредам ниту ВМРО, ниту Христијан Мицкоски, ниту Александар, ниту било кој од нас тука,  не можеме тоа сами да го направиме. Единствениот начин како можеме да ги спречиме е да излезе народот, многу народ на македонските улици, во македонските села и градови, сплотени и единствени. Само така и никако поинаку можеме да покажеме и докажеме дека тука, во Република Македонија живее народ чесен и достоинствен, народ кој говори на Македонски, народ кој што пишува на Македонски, народ кој што се идентификува како Македонци, дециден е тој.

-Ако сакаме да ги испочитуваме сите патриоти, илинденци, асномците, уставобранителите, жртвите и страдањата кои што ги имаат дадено за Република Македонија тоа е патот по кој што можеме да одиме, додаде Пандов.

Пандов, упати повик до сите граѓани да им се придржат на сите наредни протести на кои јасно и гласно ќе порачаат дека во Македонија живеат Македонци.

-Затоа повикувам, не само вечерва туку и во сите наредни протести кои што ќе ги организира ВМРО да излеземе уште помасовно, подостоинствено и јасно и гласно да кажеме дека ние сме Македонци и живееме во Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега