Пакистанци криумчареле мигранти во Македонија
Полицијата до Обвинителството поднесе кривична пријава против М.А.(27) и А.Х.(20), двајцата од Пакистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.
„Пред два дена по преземени мерки и активности на автопатот Куманово-Табановце, во напуштени објекти во село Горно Којнаре, Кумановско, полициски службеници од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал пронашле 40 лица – мигранти од кои 21 лице од Индија, 15 од Сирија, две од Пакистан, и по едно лице од Мароко и Турција. Меѓу лицата три се малолетни. Исто така, при преземањето мерки било утврдено дека М.А. и А.Х., кои биле дел од групата, ја организирале групата и за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско-грчката граница. Во текот на денот М.А и А.Х. ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека, останатите лица се сместени во Прифатен центар“, информираат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа