Паднаа првите казни за трговците, инспекцијата им го олесни џебот со по 20 000 евра


Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески посочи дека само два дена од стапувањето во сила на мерката со која на 73 неопходни производи од т.н. „Есенска потрошувачка кошница“ им се ограничи бруто профитната маржа на 10 проценти во трговијата веќе дава резултати.

Првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на овие производи се намалиле во просек од 5% до 10%, каде намалувањето кај истите е со различен обем, рече Ристески.

Ристески потенцираше дека инспекциските служби се на терен, ја контролираат состојбата и досега се изречени 8 казни во висина од речиси 20 илјади евра на трговците поради непочитувањето на владината мерка.

 

Дополнително, со стапувањето во сила на Законот за нефер трговски практики, каде се ограничуваат надоместоците (за складирање, реклама, маркетинг и персонал) и рабат најмногу до 10%, очекувам дополнително намалување на цените на дел од прехранбените и земјоделските производи, рече Ристески.

26.09.2024 - 21:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега