Паднаа потписи: Арсовска договори соработка со Дудуш

 

Градоначалничката на Скопје, Данела Аросовска и градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш потпишаа договор за меѓуопштинска соработка, со кој што Град Скопје  целосно ја финансира изградбата  улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18 како и партерното уредување на спортската сала со цел унапредување на можностите и воведување нови содржини во општината, соопшти денеска прес-службата на Град Скопје.

Проектите по налог на Град Скопје ќе ги изведе јавното претпријатие Улици и патишта Скопје.

-Во општина Шуто Оризари граѓаните се соочуваат со многубројни предизвици, а на барање на жителите еден од приоритетите е првпат изградбата на улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18. Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат над 1170 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот, а партерното уредување на спортската сала е едно од барањата истакнати од страна на општина Шуто Оризари, се вели во соопштението.

Главна цел на тековните градежни активности, се потенцира во соопштението, е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.

21.10.2022 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега