Падна сопственик на обложувалница - полицијата му најде марихуана
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.У.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 19.11.2022 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во спортската обложувалница, сопственост на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, соопшти полицијата.
26.12.2023 - 16:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа