Падна одлука: Следната учебна година учениците ќе имаат и пролетен распуст

 

Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст. На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за  образование и наука, одлучи учебната година да почне на 1 септември а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.

Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари.

Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година.

25.07.2023 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега