Падна одлука: Македонија испраќа 100 припадници на АРМ во хуманитарна операција во Словенија

 

 

Владата денеска на 177 седница донесе одлука за испраќање сто  припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во хуманитарна операција во Република Словенија.

-Согласно одлуката, се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од страна на Република Словенија, соопшти владината прес-служба. 

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од триесет дена за учество во давање помош на Република Словенија.

-Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи, се наведува во соопштението од Владата. 

08.08.2023 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега