Падна договор: Тајланд и Кина ги укинуваат визите за своите граѓани
Тајланд и Кина се договорија да ги укинат визите за своите државјани за да го олеснат патувањето и туризмот меѓу двете земји, изјави денеска тајландскиот министер за надворешни работи Парнпри Бахида-нукара.
Взаемното откажување на визите ќе стапи во сила на 1 март, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Договорот е потпишан за време на посетата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Тајланд.
28.01.2024 - 11:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа