Падна бодигардот на заменик министерот во МВР: Тепал свој колега во скопска болница
Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С., полициски службеник во Одделот за обезбедување на определени личности и објекти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, казниво по член 382 од Кривичниот законик.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против С.С. поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР, член 187 став 1 точка 10 и 20 од Законот за внатрешни работи и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР и времено суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.
Имено, на 28.10.2023 во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, С.С. физички нападнал и попречувал полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при извршување службени дејствија, спровод на осуденик од Казнено – поправната установа Затвор Идризово до комплексот клиники.
Станува збор за лице кое било обезбедување на заменик министерот во МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа