Пациенти се степале додека чекале преглед во градска болница

 

Тепачка помеѓу двајца мажи избила во чекалницата во ГОБ „Св. Наум Охридски“ додека чекале преглед, објави МВР. Случајот бил пријавен пред два дена во 20.35 часот во СВР Скопје.

„По претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје“, извести полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

02.09.2024 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега