Пациент со нож повредил вработен во ГОБ „8 Септември“
Синоќа во Градската општа болница „8 Септември“ бил повреден вработен во болницата откако со нож му била нанесена расеченица, информираат од МВР.
Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата, соопшти МВР.
Според пријавеното, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата.
На местото на настанот излегле полициски службеници, додаваат од МВР.
08.01.2024 - 10:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа