Овој човек не е тој Путин што јас го знам, вели неговиот поранешен пишувач на говори
Јас не бев главниот пишувач на говори. Само главниот пишувач на говори има право лично да разговара со претседателот. Така, иако бев прилично високо рангиран, не разговарав со него. Да, го имам видено многу пати. Бев присутен на состаноци, јавни и приватни; понекогаш имаше само неколку луѓе на состаноци зад затворени врати, вели пораешниот пишувач на говори на рускиот претседател Владимир Путин, Абас Галјамов кој сега е во Грузија а против него Русија распиша потерница.
– Според мене, мојот општ впечаток за Путин е дека тој беше добар менаџер. Тој беше многу рационален, многу логичен; навистина не можевте да го замислите во тоа време ова што го прави тоа што го прави сега. Знаеше да поставува прашања, внимаваше да не ги притиска луѓето слушајќи ги нивните одговори, бидејќи кога сте големиот шеф и ако го кажувате своето мислење, тогаш сите други луѓе можеби ќе го поддржат вашето мислење наместо да го кажат своето. Затоа внимаваше да го избегне тоа, вели Галјамов.
Кога започна војната, секогаш мислев како може човекот што го познавав пред години да се претвори во тоа што е сега?, раскажува тој за РСЕ Грузија.
– Сфатив дека она што го видов тогаш беше негова работа на работи, работи кои беа многу важни, но сепак не беа од критична важност. Тоа не беше нешто од кое зависеше неговиот политички живот. Тие не беа егзистенцијални закани. Не беше нешто како односот со НАТО или односот со руската опозиција што се обидуваше да го собори. Значи, тој тогаш не се впушташе во одбрана од лични напади врз него. Но, секогаш кога ќе обвинеше некого дека направил нешто погрешно, тој брзо се претвораше во некој апсолутно ирационален и апсолутно емоционален. Тој е многу преокупиран со прикажувањето на силата. Тоа е негов фетиш, не може да замисли да изгледа слаб, вели Галјамов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа