Откажани илјадници летови во САД: Снежната бура блокира патишта и аеродроми
Илјадници летови беа одложени или откажани поради студениот бран, температурите под нулата и снегот што го зафати поголемиот дел од САД.
Прекин се случи на аеродромите на западот, но и на некои аеродроми на југот.
Во Колорадо, на меѓународниот аеродром во Денвер, 25 отсто од летовите биле одложени, а 17 отсто откажани.
На меѓународниот аеродром во Канзас Сити 27 отсто од летовите биле одложени, а 15 отсто откажани.
Во Тенеси, на меѓународниот аеродром во Нешвил, 23 отсто од летовите биле одложени, а 30 отсто откажани.
Во Тексас 34 отсто од летовите биле одложени и 13 отсто откажани на меѓународниот аеродром „Далас-Форт Ворт“, а 25 отсто од летовите биле одложени и 20 отсто откажани на интерконтиненталниот аеродром „Џорџ Буш“ во Хјустон.
На меѓународниот аеродром „Чикаго О’Харе“ 29 отсто од летовите биле одложени, 11 отсто откажани, а на меѓународниот аеродром „Чикаго мидвеј“ 17 отсто од летовите биле одложени, а 29 отсто откажани.
Во Њујорк, на меѓународниот аеродром „Бафало Нијагара“, 13 отсто од летовите биле одложени, а 21 отсто откажани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа