Осумгодишно девојче се удави во Јадранското Море, полицијата ја истражува смртта

 

Осумгодишно девојче од Германија се удави додека пливало во Јадранското Море во близина на одморалиштето Бибионе, источно од Венеција, објавија италијанските медиуми.

Другите капачи, кои биле во близина на осумгодишното девојче, набргу забележале дека нејзиното тело лебди на водата и дека детето не се движи.

Спасувачите го одвлекле безживотното тело на девојчето до плажата и почнале со реанимација. Хеликоптер долетал на местото на несреќата, но по еден час реанимација, била констатирана смрт, пренесува „Билд“.

Според италијанските власти, девојчето било на одмор со родителите и отишло во плиткото да си игра.

Карабинерите ја истражуваат смртта на девојчето.

 
27.08.2024 - 15:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега