Осум лица од Србија и Словенија повредени во сообраќајка во Австрија: Возачот заспал, минибусот се превртел

 

Осум лица од Србија и Словенија се повредени ноќеска во тешка сообраќајна несреќа, недалеку од австрискиот град Манерсдорф.

Според пишувањата на локалните медиуми, станува збор за работници, а до несреќата најверојатно дошло кога возачот Србин (46) заспал на воланот, поради што минибусот се превртел во кружниот тек кај Оберлоисдорф.

Во несреќата повредени се пет мажи и три жени, од кои некои се здобиле со тешки телесни повреди.

Едно лице останало заробено во минибусот, поради што пожарникарите морале да го исечат возилото.

16.10.2023 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега