Османи повика на смирување на тензиите на северот во Косово
Смирување на тензиите и деескалација на состојбата на северот во Косово. Ова е повикот на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи по денешните случувања.
„Како Претседавач со ОБСЕ повикувам на деескалација и смирување на тензиите. Од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста. ОБСЕ е подготвена да понуди помош, а Мисијата на ОБСЕ во Косово го има кредибилитетот и довербата помеѓу граѓаните и институциите да пружи поддршка“, напиша Османи.
Тој додаде дека во овој момент од клучно значење е зачувувањето на мирот и стабилноста, најавувајќи притоа дека многу скоро повторно ќе ја иницира посетата на Митровица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа