Османи побара од Милошоски да ја закаже и седницата на Комисијата за надворешна политика

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски му порача дека е подготвен низ трансперентна постапка да бидат отворени сите прашања од надворешната политика, и при тоа побара од него да ја закаже и седницата на која кандидатите за амбасадори ќе можат да ги презентираат тезите пред пратениците за да можат да заминат во извршување на своите мисии во ДКП-та.

– Како што најавив во моето годишно обраќање пред Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија, подготвен сум да ги вложам сите напори за да создадеме услови низ транспарентна постапка да ги отвориме сите прашања поврзани со надворешната политика, низ почести средби и тематски седници во рамките на Комисијата. Притоа, ќе се согласите дека во духот на взаемната соработка од интерес на надворешната политика, треба да ги затвориме и останатите заостанати прашања, за што сакам да ве повикам да ја закажете и седницата на Комисијата за надворешна политика, на која ќе можат избраните предлог – амбасадори, кои веќе ги минале сите постапки и добиле согласност/агремани од земјите на упатување, да ги одбранат тезите пред пратениците, и да бидат упатени во соодветните Дипломатско – конзуларни претставништва, стои во објавата на Османи на неговит ФБ профил до Милошоски.

Милошоски претходно во писмо адресирано до вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и шефот на дипломатијата Османи ги повика двајцата да излезат пред Комисијата и да го достават, како што вели, предлог-анексот  врачен од Софија, во ноември минатата година, во термин што ќе им одговара во периодот од 15 до 29 јануари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега