Осма недела по ред поскапување на горивата - Новите цени важат од полноќ
Осма седмица по ред расте цената на горивата, а Регулаторната комисија за енергетика реши во следните седум дена цените на горивата да се зголемат, за 1 денар за бензинот, 0,5 денари за дизелот.
Ова го најави Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ.
Новите цени ќе важат од полноќ.
Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 82 денари за литар, а „еурсипер БС-98“ ќе се продава по цена од 82 денари за литар.
„Еуродизел“ ќе се продава по цена од 74 денари за 1 литар.
14.02.2022 - 12:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа