Општина Велес со финансиска помош за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија
Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука да издвои финансиска помош од 300 илјади денари за настраданите од земјотресот во Турција, и 150 илјади денари за настраданите во Сирија.
На втората вонредна седница што се одржа вечерва, градоначалникот Марко Колев истакна дека издвоените средства се во согласност со можностите на општината.
- Помошта за Република Турција ќе ја префрлиме со помош на Амбасадата на оваа земја во Скопје, додека, за Сирија ќе бидат исплатени преку Црвениот крст. Вчера доцна вечерта, преку Дирекцијата за заштита и спасување беше побарано помош од луѓе, пожарникари, кои ќе заминат за Турција во подрачјето зафатено од земјотресот. Веднаш се организравме, пет лица веќе се на пат низ Грција, заедно со колеги од Куманово, Штип и Кавадарци, информира градоначалникот Колев.
Советникот Ќирил Гајдов, воедно, информираше дека се откажува од паушалот за месец февруари кој ќе го намени за хуманитарни цели за помош на настраданите во земјотресот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа