Општина Карпош со апел: Не користите ги услугите на лунапаркот


Општина Карпош за разлика од другите надлежни институции иако има минимални надлежности, води постапка против диво поставениот луна парк кај базенот ,,Борис Трајковски”, велат од Општината.

„За жал, ова дивеење и беззаконие на сопственикот на луна паркот му го овозможуваат претставниците на надлежните владини институции. Истиот, не поседува одобрение за работа ниту пак ги има потребните безбедносни сертификати со што не ги исполнува законските услови за да ја врши оваа дејност. Тоа значи дека безбедноста на граѓаните, а особено на младите лица е загрозена и можни се животозагрозувачки последици.

Затоа, oпштина Карпош апелира до сите граѓани, а особено до младите, да не ги користат услугите на овој луна парк затоа што го доведуваат во опасност својот живот. Евентуалните последици заради непочитување на законските прописи и овој наш апел ќе ги сносат корисниците на услугите и неодговорниот сопственик на реквизитите“, стои во соопштението од Општина Карпош.

29.05.2024 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега