Општина Аеродром: Значително зголемен бројот на решени барања за легализација

 

Реорганизација на работните процеси и формирање на работни комисии кои ги разгледуваат предметите на граѓаните и правните лица резултираше со поефикасно решавање на барањата доставени до општината Аеродром, информираат од прес-службата на општината.
 
„За само шест месеци во општината Аеродром издадени се решенија за вкупно 355 предмети, издадена е урбанистичка согласност за 200 предмети, започната е двострана комуникација со странката за 250 предмети и изготвени се уште десетици известувања, пресметки и заклучоци. Овој значително зголемeн број на завршени предмети и започнати предмети се должи на новиот начин на работа во Општина Аеродром кој овозможи стотици нови решенија за легализација и почеток на процесот за конечно решавање на над 900 предмети. За таа цел, формирана е комисија од вработените, со што значително се забрза целиот процес за легализација.
 
Станува збор за еден од најголемите проблеми со кој граѓаните во општината се соочуваат повеќе од 10 години. До сега, до Општината поднесени биле над 9000 барања за легализација на објекти од различен вид“, се наведува во соопштението на Општина Аеродром доставено до медиумите.
 
-Општина Аеродром и понатаму ќе продолжи со реорганизација на администрација со цел нејзино ефикасно искористување, а во насока на постапување во најкраток рок по барањата од граѓаните и правните лица, додаваат оттаму.
22.09.2022 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега