Општина Аеродром издвојува 1,2 милиони денари за РК Вардар и 24 милиони денари за МЗТ

 

 

Општина Аеродром издвојува 1,2 милиони денари за поддршка за најтроферниот македонски ракометен клуб, Вардар. Освен тоа, Аеродром со 24 милиони денари ќе му помогне и на МЗТ Скопје.

Градоначалникот на општината, Тимчо Муцунски вечерва на социјалната мрежа соопшти дека Советот ја донел одлука со цел да му помогне на клубот.

-Во ваквите тешки мигови за нашата ракометна гордост поддршката од наша страна беше неопходна. Голема благодарност до советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои гласаа за оваа финансиска помош.  Покрај тоа, буџетот за оваа година предвидува и 24 милиони денари за МЗТ Скопје, аеродромски бренд што ќе ја претставува Македонија во елитното јадранско натпреварување АБА1! Како локална власт продолжуваме да даваме поддршка на спортот, а се надеваме дека ќе славиме многу титули со РК Вардар и КК МЗТ Скопје. Аеродром заслужува спорт, радост и титули! Се надеваме на нови победи!, напиша Муцунски на Фејсбук.

29.08.2022 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега