Општина Аеродром: Го разбивме монополот на СДСМ, обезбедивме оброк и ужина за сите ученици
„После четири години, конечно е разбиен монополот кој СДСМ го создаде во Општина Аеродром. Монопол овозможен од партијата, поврзан со набавка на ужина и топол оброк во основните училишта. Наместо монопол и селекција на една фирма која ќе го врши снабдувањето, од оваа година е воведен нов модел кој става крај на минатата злоупотреба на власта.
Новиот модел покрај тоа што стави крај на оваа злоупотреба на локалната власт, истовремено обезбеди и можност за секое училиште заедно со советот на родители и училишниот одбор, да избере каква храна ќе добијат нивните деца. На овој начин, приоритетот се става на децата, а не на профитот и партиски калкулации, како што тоа СДСМ го правеше до сега“. Оваа порака утрово ја испраќаат од Општина Аеродром во соопштение испратено до медиумите.
„СДСМ пред само два дена ширеше лажни и тендециозни информации на оваа тема, погодени од фактот што нивната шема на монопол после четири години е разбиена.
Во таа смисла, заклучно со денешниот ден, сите основни училишта на територија на Општината имаат склучено договор за снабдување со топол оброк и ужина.
Децата се нашиот приоритет, а искоренувањето на корупцијата стратешка определба на општината Аеродром. Веќе една година, работиме плански, организирани и транспарентно. Граѓаните знаат дека Општина Аеродром ја искоренува корупцијата и дека дојде крајот на сомнителни тендери, за кои и повеќе институции во моментот водат соодветни истраги“, стои во соопштението на општина Аеродром испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа