Опасниот коронавирус однесе уште една жртва во Дебар- почина 54-годишен маж

Опасниот коронавирус однесе уште една жртва во Дебар. Станува збор за 54-годишен маж од градот, кој почина во болнички услови. Беше хоспитализиран подолго во здравствена установа во Скопје.

Според статистиката на Центарот за јавно здравје тој е 14-та жртва од Ковид-19 во ова подрачје. Гледано по општини шест починати лица се од Дебар, додека остантите од општина Центар Жупа.

-Во последното деноноќие во Дебар нема новозаразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени останува 276. Во исто време четворица ја добиле битката со опасниот вирус или вкупно 224 лица. Активни на болеста се 36 лица, потврдуваат надлежните.

Додаваат дека поголемиот број од активните болни се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови или амбулантски во Општата болница во Дебар.

Имајќи го во предвид бројот на лицата кои се јавуваат во Општата болница во Дебар со симптоми на опасниот вирус,секако тука и масовното непочитување на мерките за заштита, посебно од страна на младата популација, надлежните очекуваат бројот на новозаразени да расте. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега