Оној кој е обожавател на луксуз, може да си ги спрема парите - се продава наследството на Пригожин
Вила на брегот на Црното Море која наводно му припаѓала на водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се продава за сума од милион и пол долари.
На почетокот на октомври на веб-страницата за недвижности беше објавена продажбата на рекреативниот центар во Геленџик. Се наведува дека објектот од 1.200 метри квадратни емтри и парцелата ги продава правно лице кое е носител на договор за закуп на површина од четири хектари за период од 49 години, пишуваат медиумите во регионот.
Исто така, се истакнува дека двокатната куќа има пет спални соби со површина од 30 до 40 метри квадратни и затворен дел со сауна и базен од 400 метри квадратни, а имотот има и куќа за гости од 150 квадратни метри, бањски комплекс од 250 метри квадратни метри, одвоена кујна од 28 метри квадратни, куќа за обезбедувањето и персоналот од 53 метри квадратни, две станбени згради од 70 метри квадратни, хелиодром, пристаниште.
Објектот претходно се користел за рехабилитација на борците на ПМЦ Вагнер – пишува локалниот портал „ Tipichkras“.
Дмитриј Шевченко, локален еколошки активист тврди дека локацијата ја изнајмила компанијата „Турстатус“ во 2016 година, а 76 отсто од акциите на компанијата од 2021 година му припаѓаат на синот на Пригожин, Павел.
Шевченко наведува дека локацијата во весниците е претставена како „фарма за дивеч“ иако таму нема животни и дека тоа е изигрување на законот, бидејќи подигањето ограда во шумата е прекршок.
Некои медиуми неодамна го објавија наводниот тестамент на водачот на Вагнер, според кој неговиот син Павел е единствениот наследник на неговиот имот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа