Охрид: На 8ми март ја фрлил девојката од тераса - ќе одговара за обид за убиство

 

Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид вчера соопшти дека поднел кривична пријава против А.Д. (32) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид. Кривична пријава е поднесена против уште едно лице, 21-годишниот Е.М., кој е осомничен за помагање.

Според полицијата, првопријавениот А.Д. во петокот (8 март) околу 11:30 часот по претходна расправија ја турнал 39-годишната М.О. од терасата на стан на улицата „Карпош Војвода“ во градот, инаку сопственост на второпријавеното лице.

Жената по падот, како што информираа од полицијата со тешки повреди е хоспитализирана во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди.

Инаку, двајцата осомничени беа приведени по настанот, а  против нив се поднесени и кривични пријави.

Второпријавениот Е.М. според охридската полиција бил присутен во станот, но не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.

12.03.2024 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега