Одбиено барањето на сопственикот на „Доказ М“ за изземање на обвинителот Рајчев

 

Апелацискиот суд Скопје го одби барањето на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“, за иземање на обвинителот Сашо Рајчев од случајот „ДоказМ“.

По поднесеното барање одлучуваше Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. На Стаменковски Основниот кривичен суд Скопје му изрече единствена затворска казна во траење од три години и еден месец.

Стаменковски се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци. Освен затворската на Стаменковски му беше изречена и парична казна од пет илјади евра заради злоупотреба на лични податоци. При претрес на домот на сега осудениот полицијата запленила документација, електронски уреди и 90.000 евра.

19.05.2023 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега