Од понеделник започнува продажбата на билети за натпреварот Македонија - Анлгија

ФФМ денес објави дека од понеделник, 13. ноември, ќе започне продажбата на билети за натпреварот Македонија - Англија на Нациолната арена „Тодор Проески“ во Скопје како дел од квалификациите за ЕП 2024.

Ќе се продаваат влезници од 400 и 600 денари, а продажбата ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Воедно, задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.

Натпреварот ќе се одигра на 20. ноември со почеток од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Северна трибина

Блок 13 и 19                             400 денари

Блок 14, 18, 20 и 24                 600 денари

Јужна трибина

Блок 1 и 6                                 400 денари

Блок 2, 3, 4  и 5                        600 денари

Западна трибина

Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30    400 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19. и 20. ноември од 10:00 до 18:00 часот. 

Продажни места:

Скопје:

• ЛитератураМК - City Mall

• ЛитератураМК - East Gate

• ЛитератураМК - Веро Центар

• Литература - ТЦ Буњаковец

• Литература МК  - ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел - ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол  - Илинденска

• Макпетрол - Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• Литерара МК

• Tobacco Brothers 

Струмица:

• Литература МК 

• ТА Сафари

Радовиш:

• ТА Халкидики

 

 

08.11.2023 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега