Од полноќ нови цени на горивата
Како и секој работен понеделник, така и овој напладне, Регулаторната комиија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела цените на бензините се зголемија, со тоа Еуросупер БС-95 изнесува 73,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 75,5 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ се намали и изнесува 64 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство останува иста и се продава по цена од 64 денари, а малопродажната цена на мазутот се намалува, и изнесува изнесува 39,360 ден/кг.
17.01.2022 - 10:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа