Од мотоциклист па се до бизнисмен - еве кого се поканувал сопругот за да ја силуваат сопругата


Во Франција во тек е судењето за болниот случај за масовно силување на 71-годишната Жизел Пелико, која една деценија била дрогирана од нејзиниот сопруг Доминик Пелико, а во исто време повикувал непознати луѓе да ја силуваат.

Пелико често ги снимал овие сцени, а во последниве недели се редат признанијата на обвинетите за ова грозоморно злосторство.

Сега се објавени идентитетите и професиите на злосторниците, пренесува францускиот медиум NZ Herald.

Меѓу нив се мотоциклистот Хјуг Малаго (39), земјоделскиот работник Енди Родригез (37), Матје Дартус (53), пензионираниот пожарникар Жак Кубо, ИТ работникот Лионел Родригез (44), сликарот Хусаметин Доган (43) и Тиери Парисис (54) локален бизнисмен.

Седумте се дел од пошироката група од околу 50 мажи кои повеќе од една деценија беа регрутирани преку интернет од Доминик Пелико, пензиониран електричар сега познат како „Чудовиштето од Авињон“, кој ги канел во својот дом за да ја силува сопругата, откако таа била онесвестена од силните седативи што и ги давал.

Некои обвинети тврдат дека Пелико ги измамил со тоа што ги убедувал да ја силуваат Жизел, но тој при признанието дека е силувач, тврдеше дека и сите други соучесници се силувачи како него.

26.09.2024 - 18:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега