Обвинителството потврди: Уапсен е директорот Мухсин Арифи
Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, потврдуваат од Обвинителството.
Станува збор за Мухсин Арифи, директор на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје.
Како што дознаваме, тој заедно со посредник, барале и примиле поткуп од 20.000 евра.
Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.
Се постапува за целосно расчистување за настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа