Обвинителството нема да го гони Ферати - Преполагал па му ги пречкртале оценките

 

Обвинителството нема да го гони судијата Ељведин Ферати од Тетово затоа што обвинителите утврдиле дека оценките му биле пречкртани зошто тој ги преполагал предметите. Обвинителството констатира дека Ферати кој вчера пресуди двегодишна затворска казна за Менсур Пајазити кој во 2022 ја прегази и усмрти младата Теодора Ристевска, не сторил никакво прекршување на закон.

- „По поднесено известување од Државниот просветен инспекторат, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и ја прибави целокупната документација од досието на наведениот студент од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово и од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Во прилог на досието беа доставени и материјални докази – барања, решенија и пријави за повторно полагање, како и доказ за добиени оценки за четири предмети со кои Факултетот потврдува дека во 2014 година студентот ги преполагал испитите и добил оценки со кои го зголемил својот просек над 8,00, по што се пријавил за кандидат на Академијата за судии и јавни обвинители. Ваквата информација на 31.01.2024 година Државниот универзитет во Тетово ја доставил и до Државниот просветен инспекторат, како дополнување на списите врз основа на кои бил изготвен Записникот за извршен инспекциски надзор во јуни 2023 година.  Имајќи ги предвид доставените документи, јавниот обвинител кој постапуваше во предметот на 10.03.2025 година донесе резолуција со која констатираше дека не се исполнети елементите врз основа на кои би можел да преземе кривичен прогон по службена должност“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

Ферати дипломирал како дел од шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. Се пријавил дека има оценка 8,20, додека во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет, имал просек 7,88. Ова го утврди и соопшти Антикорупциска во декември 2023 година.

Во септември во 2022 година, 22-годишната Теодора беше прегазена во Тетово од БМВ кое го управувал 44-годишниот Пајазити. Тетовскиот суд во ноември во 2023 година, пресуди три и пол години затвор за возачот. Тој ја обжали казната, Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали казната на Пајазити на две години затвор.

Пајазити е обвинет за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.

Пресудата предизвика лавина реакции: Пост од Ина Многуфина вели "Три години затвор оти украл 150 кебапи", додека за прегазена девојка казната е 2.

По одлуката се огласи и Ана Костадиновска која настапуваше заедно со бендот ДНК кобната ноќ на 16. март и ја преживеа трагедијата.

Росица Кулакова, сестрата на прегазената Фросина Кулакова, се огласи на Фејсбук по пресудата за смртта на младата прегазена Теодора Ристевска. 

- Кога најнеправедните седнуваат во највисоките столчиња на правдата, тогаш таа станува пародија. Каква правда можеме да очекуваме кога токму неправдата е темелот на кариерата на тие што треба да ја судат? Се додека чекаме вакви луѓе да судат правично, правдата ќе остане само збор, а не и дело. Правда за Теодора!, напиша Росица.

 

08.04.2025 - 10:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега