Обвинителство побара притвор за дедото што си ги уби внукот и сестрата
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Убиство, како и обид за убиство.
„Осомничениот 67-годишник, на 21 февруари во кумановското село Габреш, имал расправија со двајцата внуци од неговата сестра. На расправијата се приклучила и сестрата. Со пиштол кој го поседувал со дозвола, осомничениот пукал кон нив и со умисла ја лишил од живот сопствената сестра и еден од нејзините синови, а се обидел да го лиши од живот и другиот“, информираат од ОЈО Куманово.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа