Објавено црвено предупредување - доаѓа ураганско невреме во Хрватска

 

Црвено предупредување е издадено за подрачјето на Велебит и Биоково во Хрватска, што значи дека на Јадранот ќе има големо невреме, соопшти за понеделник Државниот хидрометеоролошки завод.

Под Велебит ќе има многу силно, повремено невреме, особено претпладне и навечер. При најсилните налети, ветерот ќе дува од 65 до 165 километри на час.

Силна бура е можна и под Биоково, особено претпладне и навечер. Најсилните налети на ветер се очекуваат да бидат од 65 до 150 километри на час.

Поради силниот ветер на дел од Јадранската магистрала е забранет сообраќај за двокатни автобуси, возила со камп приколки и мотоцикли.

04.09.2023 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега