Објавена снимка од внатрешноста на запалениот авион во Токио, се трага по 5 лица

 

 

Авион на „Јапан ерлајнс“ се судри со авион на крајбрежната стража при слетување во Токио.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека нејзиниот авион бил на пат кон аеродромот „Ниигата“ за да достави помош за полуостровот Ното погоден од земјотресот, пренесува новинската агенција „Ројтерс“.

Јапонските радиодифузери ТБС и НХК соопштија дека пет лица од авионот се бараат по несреќата.

Патниците, од кои речиси 400, беа евакуирани од запалениот авион на пистата со помош на тобоган на надувување. Видеото објавено на социјалните мрежи ја покажува ситуацијата во внатрешноста на леталото.

Еден од патниците го снимил слетувањето по што се гледа како густ чад се шири во авионот, а патниците носат маски.

Авионот е речиси целосно уништен, а екипажот сѐ уште се бори да го локализира пожарот.

Летот 516 на „Јапан ерланјс“ полета од аеродром во близина на градот Сапоро на северниот остров Хокаидо во 16 часот по локално време.

Според веб-страницата Flightradar, авионот слетал на аеродромот „Ханеда“ во 17.47 часот по локално време (8.47 GMT).

По инцидентот, аеродромот „Ханеда“ ги затвори сите писти.

02.01.2024 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега