Нови податоци за исчезнувањето на малезискиот авион: Инженерот дал докази дека пилотот испланирал сѐ

Пилотот на исчезнатиот малезиски авион на летот МХ370 намерно неколку пати ја менувал насоката на движење пред да ги одведе 239-те патници во смрт, сугерира новиот извештај за несреќата која се случи во 2014-та година заснован на новата технологија за следење на леталата.

Захарија Ахмад Шах внимателно го испланирал патувањето на авионот за да не остави траги околу тоа во кој правец се движел авионот пред да се сруши во водите на Индискиот океан. Претходните теории кои се засноваа на сателитски снимки се разликуваат со овој извештај.

Се тврди дека Шах неколку пати го менувал правецот на движење и брзината со цел да ги избегне комерцијалните летови и така зад себе оставил „лажни траги“ на рути над Индонезија и Индискиот океан. Според претходните извештаи, пилотот боледувал од клиничка депресија.

„За авионот да не биде откриен, пилотот избегнувал да даде јасна идеја за тоа која траекторија ја има избрано, често менувајќи ја насоката“, напишал воздухопловниот инженер Ричард Годфри во најновиот извештај.

Тој истакна дека траекторијата на патување на авионот би можела да се исцрта со помош на податоците од WSPR, или слабото ширење на сигналите, глобален радиски систем кој ги следи и открива авионите додека ги сечат овие сигнали со поставување на „електронски патни жици“.

Авионот преминал осум такви жици додека летал над Индискиот океан. Во новото истражување се тврди дека пилотот користел лажни точки со цел да се движи по „неслужбени траектории“ и да избегне авионот да биде откриен.

Во извештајот е наведено дека пилотот најверојатно ги знаел работните смени на радарите кои за време на викендите навечер, во време на слаб меѓународен сообраќај не се активни.

Авионот иако се уште не е пронајден, неколку остатоци од леталото беа извадени од морето кај Маурициус, Мадагаскар, Танзанија и Јужноафриканската Република.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2021 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега