Нови калкулации: Помала плата за работа од дома

 

Вработените во компанијата „Гугл“ би можеле да се соочат со намалување на платата ако се одлучат за постојана работа од дома поради пандемијата од коронавирусот, јавува Ројтерс.

Агенцијата имала увид во калкулаторот на плата на компанијата. Станува збор за експеримент кој се одвива ширум Силициумската долина, и која често поставува трендови кај другите големи работодавачи.

Компаниите „Фејсбук“ и „Твитер“ веќе ги намалија платите на вработените кои работат од дома, а кои се преселија во подрачја каде трошоците за живот се пониски.

Меѓутоа, алатката на „Гугл“ за пресметка на платите, која овозможува вработените да ги видат ефектите на селењето сугерира дека вработните кои работат од дома, особено оние кои патуваат далеку би можеле да имаат намалување на платите и ако не се преселат.

 

 

12.08.2021 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега