Нови инфраструктурни проекти на десетина локации во Аеродром

 

 

Во рамки на иницијативата за подобрување на условите за живеење и нашите заложби за градење функционална и модерна општина, на почетокот на оваа сезона започнавме амбициозен инфраструктурен проект за реконструкција на десетина улици на неколку локации во Аеродром, пишува градоначалникот на Општината, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи.

– На барање на граѓаните кои живеат во населбата Горно Лисиче, веќе привршува реконструкцијата на еден дел од улицата „Лисец“, што опфаќа промена и вградување на тампонски материјал и поставување нов асфалтен слој. Проектот се реализира и во целост е финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром. Инфраструктурните активности ова лето првенствено се насочени кон реконструкција на постојни и изградба на нови улици, изведба на нови паркови, спортски комплекси и плоштади на повеќе локации во Аеродром, вели Муцунски.

– Со завршување на овие проекти сериозно ќе ја подобриме инфраструктурната во општината и ќе го унапредиме локалното и урбано живеење за граѓаните на Аеродром, додава градоначалникот.

17.07.2023 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега