Нови цени на струјата и на гасот во Словенија, најави Петрол

 

Најголемата словенечка енергетска компанија Петрол најави дека значително ќе ги зголеми цените на електричната енергија и природниот гас.

Oд 1 декември цената на електричната енергија ќе се зголеми за околу 30 проценти, додека цената на природниот гас ќе се зголеми за 12 отсто.

Изминатиот период е забележан и раст на цената на горивата на бензиските пумпи во Словенија.

Цената на литар бензин на бензиските пумпи надвор од автопатската мрежа се движи од 1,267 до 1,286 евра, а дизел горивото од 1,307 до 1,338 евра, што значи дека резервоарот од 50 литри чини околу две евра повеќе од претходната цена.

12.10.2021 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега